FAQ

Сè што треба да знаеш заTake an ad.

Што е Take an ad?

Take an ad е твојот паметен маркетинг асистент кој ти помага да креираш Facebook реклами за помалку од 30 секунди.

Како работи Take an ad?

Многу едноставно, 1 - сликаш фотографија или снимаш видео, 2 - додаваш ефекти или текст на фотографијата, 3 - ги одредуваш буџетот и локацијата и твојата работа е завршена.

Сè друго и целата оптимизација во позадина ја прави Take an ad.

Зошто Facebook локациски реклами?

Take an ad e мобилна апликација направена за мали бизниси со цел да им помогне во привлекување на поголема посетеност на нивните физички локации. Најдобар и најефтин начин да се постигне оваа цел, е преку Facebook локациска реклама (Facebook local awareness ad) најмногу поради фактот што само овој тип на Facebook реклами се направени и оптимизирани за максимален обсег на Facebook корисници во даден локациски радиус. Кратко кажано, овој тип на реклами ќе ги видат најголем број на Facebook корисници.

Дополнително, рекламите имаат пре/дефиниран линк кој кога ќе го кликне, корисникот ќе биде пренасочен на мапа со насока до локацијата на твојот бизнис.

Дали треба да имам Facebook профил?

Да, мора да имаш Facebook профил доколку сакаш да креираш Facebook реклами.

Дали треба да имам Facebook страна?

Да, мора да имаш Facebook страна која го претставува твојот бизнис за да креираш Facebook реклами. Доколку сè уште немаш Facebook бизнис страна, креирај ја овде.

Дали треба да имам сметка за Facebook рекламирање?

Не! Успеавме да направиме систем кој нема да бара сметка за Facebook реклами од своите корисници, така што секој може да креира Facebook реклама.

Како плаќам за Take an ad?

Плаќај само кога креираш реклами без никакви претплати. Плаќаш за секоја поединечна реклама заедно со мала провизија за користење на нашите услуги. (Бета тестерите не плаќаат провизија.)

Што е "balance"?

"Balance" е податок, прикажан во секцијата "My profile" во самата мобилна апликација и во буквален превод значи "Состојба на сметка". Во случај твојата реклама да не биде одобрена од Facebook, буџетот ќе ти биде додаден вo "Balance" и ќе можеш повторно да го искористиш за креирање на следна реклама. Исто така, доколку за било која причина буџетот за твоите реклами не е потрошен, останатиот буџет ќе виде додаден во "Balance"

Како ќе им се прикаже мојата реклама на Facebook корисниците?

Подолу се примери на реклами креирани со Take an ad, која им се прикажува на корисниците во нивниот мобилен "Facebook newsfeed":

Реклама со слика

Реклама со видео

Пиши ни