Мобилна апликација за креирање Facebook реклами

Ги покануваме сите иновативни сопственици на мали бизниси да ни помогнат во подобрување на најновата Android верзија.

Преземи бета овде

Бета верзијата е без провизија и целиот буџет ќе биде потрошен на Facebook реклами.

Take an ad e член на Facebook Start акцелераторската програма.

што е Take an ad

Мобилна апликација за креирање
Facebook реклами

take an ad for SME's

Лесно како еден, два, три

Со Take an Ad не мора да бидеш маркетинг експерт. Ќе се согласиш дека за да ги научиш сите опции и можности кои ги нуди Facebook платформата за рекламирање ќе ти биде потребно многу време. Take an ad ти го обезбедува целото знаење и искуство кое ти е потребно за креирање успешни Facebook кампањи.

take an ad for SME's

Совршено решение за мали бизниси

Ако сте сопственик на бутик, менаџер на кафуле или ресторан, со Take an Ad ќе може да го фотографирате утринското кафе, дневното мени или моменталната атмосфера и да креирате Facebook реклама со која ќе привлечете клиенти до вашата локација.

take an adfor SME's

Менаџирајте ги рекламите во движење

Преку едноставен изглед на твоите реклами, Take an ad ќе ви прикаже лесно разбирливи аналитики (податоци), ќе можете брзо да го проверите успехот на рекламите преку индикатор за перформанси а имате и опција за паузирање или креирање на нова реклама. И сето ова преку вашиот мобилен телефон!

Познат изглед на камерата

Кул алатки кои ќе ги разубават твоите реклами.

Take an ad има специјална камера која ги оптимизира твоите слики да имаат совршена димензија за Facebook реклама. Може да користиш опции како блиц или предна камера. А може да снимаш и видео кое ќе го искористиш како Facebook реклама.

  • Кликни ја Т иконата и напиши текст врз сликата;
  • Апликацијата автоматски ќе го позиционира текстот за да го исполни Facebook правилото дека текстот мора да зафаќа максимум 20% од сликата.
  • Исечи ја сликата ако не сакаш некои делови да се покажат на рекламата;
  • Одбери кул филтери (ефекти) кои ќе ја разубават рекламата и ќе изгледа по-профи.
take an ad camera screen
1  goTargeting “reach Facebook audiance!”
2
3  {
4    "First Taget": {
5      "Age": "18-34",
6      "Gender": "female",
7    }
8    "Second target": {
9      "Country": "United States",
10      "City": "San Francisco",
11    }
12    "Third target": {
13      "secret sauce": "secret sauce",
15    }
16  }
Магијата на апликацијата

Алгоритам за реклами

Со 6+ години искуство во работа со Facebook рекламирање, успеавме да креираме сопствен алгоритам за оптимизација на рекламите постирани преку Take an ad кој специфично таргетира публика зависно од секој корисник и неговата Facebook страна. Тоа значи дека ние ќе ја завршиме тешката работа наместо тебе. Нашиот систем ќе ја направи целата "магија" во позадина и ќе ја достави твојата реклама до вистинските луѓе во вистинскиот момент, сè со со цел да ги постигне најдобрите резултати.

Совршена апликација за мали бизниси

Facebook реклами за поголем локациски обсег*.

Само посочете локација на мапата за да знаеме кои корисници во вашата област да ги таргетираме. Ова значи дека може да одредиш да таргетираш Facebook корисници кои се наоѓаат на 1, 2, 3 км од твојата локација. Идејата е проактивно да ги прифлечеш преку Facebook со цел физички да ја посетат твојата бизнис локација.

*Што се Facebook local awareness ads, прочитајте повеќе овде >>

под хаубата

Креирај и менаџирај Facebook реклами на
најлесен можен начин

Камера со многу опции

Oпции за фотографирање, снимање видео и можност да прикачиш од албумот на твојот мобилен телефон.

Автоматско таргетирање

Нашиот алгоритам автоматски ќе ја таргетира најрелевантната публика за твоите реклами.

Едноставен индикатор за перформанси

CTR, CPC, CPM = WTF?! Не грижи се, нема потреба да имаш никакво знаење за маркетинг аналитика.

Плаќај само кога користиш

Нема никакви претплати. Плаќаш за секоја поединечна реклама заедно со мала провизија за користење на нашите услуги. (Бета тестерите не плаќаат провизија.)

Алгоритам што учи

Со секоја креирана реклама, нашиот систем учи и станува сè попаметен и попаметен. Ние ги анализираме податоците од перформансите на секоја реклама, учиме и го усовршуваме нашиот алгоритам за оптимизација.

Експерти на помош

Примероци од креирани реклами рачно се ревидирани од искусни професионалци, за да додадеме само малку шлаг на тортата и да бидеме сигурни дека нашиот систем прави одлична работа со оптимизацијата.

" Како сопственик на мал бизнис, треба да бидеш фокусиран на тоа што го правиш најдобро. Затоа ја креиравме апликацијата Take an ad, да ти помогнеме да креираш реклами за помалку од 30 секунди и да дојдеш до твоите купувачи! "


Никола Бојков, Проект менаџер за Take an ad.

Прочитај повеќе на Forbes.hr »

Пиши ни